• Иван Димовски
Манчестер Сити одигра моќен натпревар и со целосна доминација го совлада Ливерпул со убедливи 3-0 во дербито од 11. коло во Премиерлигата. Тимот на Пеп Гвардиола без поголеми проблеми стигна до нови три бода и ја продолжи кризата на „црвените“ во домашното првенство, иако Ливерпул пред овој меч беше во подем по двете последователни победи, од кои една против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
По натпреварот, тренерот на Ливерпул, Арне Слот, го изнесе своето мислење за прикажаната игра и за спорниот момент околу поништениот гол на Ван Дајк во првото полувреме.
„Натпреварот помина како што помина и мислам дека ќе бевме среќни ако беше само 1-0 на полувреме. Во тие моменти, не можете да предвидите како ќе се одвива второто полувреме, но во првото полувреме тие беа подобри од нас. Имавме многу проблеми, се мачевме да ја задржиме топката и тоа им даде простор да ја развијат својата игра.
Тешко ми е да ви кажам што мислам. Јасно е и очигледно дека е донесена погрешна одлука. Но, тоа е мое мислење“, изјави Слот.
- Поништениот гол на Ван Дајк:
Со оваа победа Манчестер Сити пријде на четири бода зад водечкиот Арсенал, додека Ливерпул мака мачи и со шест победи и пет порази е осмопласиран со 18 бода.






