• Саше Љолес
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, после поразот од Астон Вила (4-2), изјави дека навивачите имаат право да бидат лути, ветувајќи далеку подобри резултати следната сезона.
Холанѓанецот пред само два дена беше убеден дека ќе биде предводник на „црвените“ и следната година, а овој пат се осврна и на летниот преоден рок, со надеж дека тимот ќе се случи „освежување“ на тимот.
„Разбирам дека навивачите се чувствуваат како да немаат самодоверба, потфрливме многу сезонава и сите знаеме дека треба да се подобриме.
Преодниот рок може да промени многу нешта, мислам дека ќе го освежиме тимот и ќе бидаме далеку поконкурентни следната сезона. Целите на клубот се јасни, мора да се бориме за сите трофеи.
Ако сакаме да бидеме на тоа ниво, ќе мораме да влеземе сите со нова и позитивна енергија. Нашите фанови се разочарани, но не заборавајте што може да донесе целосно нова сезона“, рече Слот.
Ливерпул беше далеку од својата цел - одбрана на шампионската титула од минатата сезона. „Црвените“ останаа без ниту еден трофеј, но се во солидна позиција за пласман во Лигата на шампионите.
Во последното премиерлигашко коло, Ливерпул ќе го пречека незгодниот Брентфорд на домашен терен. Екипата на Арне Слот има 59 бода, четири повеќе од Борнмут, кој има и натпревар помалку.


