• Саше Љолес
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека поразот од Челзи (2-1) е разочарувачки за навивачите, но најави дека колективот бргу ќе закрепне и ќе се фокусира на следните предизвици.
„Црвените“ загубија во Лондон по голот на Бразилецот Естевао, кој стрелаше во 95. минута и донесе огромна радост на „Стемфорд Бриџ“.
"Разочарани сме од резултатот, но и горди на начинот на кој тимот се бореше. Знаевме дека Челзи ќе биде тежок противник, особено на нивен терен, но момците покажаа карактер и посветеност до самиот крај. Имавме свои шанси, но не успеавме да ги искористиме во клучните моменти.
Ова е дел од процесот - учиме, растеме и се подобруваме со секој натпревар. Им благодарам на навивачите за поддршката – нивната енергија ја чувствуваме каде и да играме. Ќе се вратиме посилни“, изјави холандскиот стратег.
Со поразот од Челзи, Ливерпул барем до следното коло му ја препушти лидерската позиција на Арсенал, кој со сигурни 2-0 го совлада градскиот ривал Вест Хем.
ФОТО/PHOTO: Liverpool FC










