Слот: Нотингем е во истата трка за титулата, само погледнете како играат

Фудбалерите на Ливерпул ќе гостуваат на „Сити Граунд“ кај Нотингем Форест во рамките на 21. коло на Премиер лигата. „Црвените“ доаѓаат кај еден од тимовите кои се во најдобра форма, а за тоа е свесен и тренерот Арне Слот

„Од самиот старт на сезоната зборувам дека нема поента да се коментира табелата среде сезона. Во овој моментов сме лидери, меѓутоа тука зад нас се и Нотингем Форест и Арсенал, Челзи, Манчестер Сити... Форест како и сите останатит е во истата трка. Заслужија да бидат тука каде што се и да имаат таков статус. Само погледнете како играат цела сезона“, изјави Слот.

Ливерпул има 46 бода на водечката позиција на табелата, додека Нотингем заостанува шест, ама има и натпревар повеќе.