Слот: Њукасл тимски играше подобро, заслужи да го освои трофејот

Пред само неколку недели Ливерпул беше во трка за сите трофеи. Најнапред ненајдено испадна од Плимит во ФА Купот, па по пеналите го заврши својот настап во Лигата на шампионите во осминафиналето, а од вчера остана и без трофејот од Карабао Купот.

По поразот од 2-1 од Њукасл во Лондон, менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, спортски го призна поразот. 

„Натпреварот на „Вембли“ за жал помина онака како што сакаше противникот. Ние не успеавме да го наметнеме нашиот ритам и тоа на крајот nè чинеше победа. Тие беа многу агресивни и одлично се бранеа.

Фудбалерите на Њукасл одлично играа еден на еден под голем притисок, тие имаат многу физички силни играчи кои се добри во играта еден на еден. Мислам дека Њукасл заслужено победи, бидејќи беше тимски навистина подобар од нас“, изјави Слот.

На Ливерпул му преостанува само уште една битка за трофеј сезонава. На два месеци до крајот на сезоната во Премиер лигата „црвените“ имаат дванаесет бода пред второпласираниот Арсенал