• Саше Љолес
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, упати критика за квалитетот и стилот на игра во Премиер лигата, истакнувајќи дека натпреварите во англиското првенство сè почесто го губат шармот и атрактивноста по кои беа препознатливи.
Според Слот, голем дел од головите доаѓаат по прекини, а тактичката поставеност на тимовите се базира на физичка игра и статични ситуации. Тој смета дека динамиката, креативноста и течниот фудбал, кои некогаш ја правеа лигата возбудлива за гледање, сега се во втор план.
„Мене ова воопшто не ми се допаѓа. Мислам дека премногу гледаме прекини, а помалку течна и активна игра. Во моментов, поголемиот дел од премиерлигашките мечеви не се интересни за гледање“, прокоментира Слот.
Изјавата на Слот отвори дебата во фудбалската јавност околу тоа дали Премиер лигата навистина се оддалечува од спектакуларниот фудбал или станува збор за еволуција на играта во која тактиката доаѓа во преден план.










