Слот ја смирува еуфоријата: Навивачите мора да сфатат колку е тежок мечот со Тотенхем

На играчите на Ливерпул им е потребен само бод во натпреварот против Тотенхем, кој е закажан за недела на домашен терен на „Енфилд“, за математички да ја освојат својата 20-та титула, поради што навивачите на „црвените“ се во целосна еуфорија.

Тренерот на тимот, Арне Слот, исто така е свесен за ова, и ги предупредува навивачите дека титулата може да се слави само по натпреварот со лондонскиот тим, а не претходно.

„Ја разбирам еуфоријата меѓу навивачите, особено затоа што овој клуб последен пат ја славеше титулата за време на пандемијата на коронавирусот, но навивачите мора да разберат колку е тежок натпреварот против Тотенхем. Тоа е многу силен тим, со квалитетни поединци, и мора добро да се подготвиме за тој натпревар. Вистина е дека бод ни е доволен, но мора да го заработиме на терен“, рече Холанѓанецот.

Доколку Ливерпул го освои тој бод, клубот ќе се изедначи со најлутиот ривал Манчестер Јунајтед по бројот на титули во Премиер лигата, а Слот ќе стане првиот холандски менаџер кој го освоил најпрестижното национално првенство во светот.