Слот: Игравме зрело и заслужено победивме, а Салах е пример за сите!

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изрази големо задоволство од настапот на својот тим по убедливата победа од 3-0 против Олимпик Марсеј, нагласувајќи дека неговите фудбалери одиграле тактички зрел натпревар во тешка атмосфера.

„Црвените“ забележаа важна победа во Лигата на шампионите и се проби до четвртата позиција, задржувајќи големи шанси за директен пласман во осминафиналето. 

„Ова беше натпревар во кој мораше да бидеме трпеливи и максимално фокусирани. Марсеј е екипа која знае да создаде притисок, особено на свој терен, но ние покажавме дисциплина, контрола и зрелост во клучните моменти.

Салах е врвен професионалец. Начинот на кој се подготвува и пристапува кон секој натпревар е пример за сите. Вечерва повторно покажа колку е важен за нас, не само со квалитетот, туку и со лидерството на теренот“, изјави Слот. 

Ливерпул сега има 15 бодови на табелата, а во последното коло од групната фаза ќе биде голем фаворит против Карабах на домашен терен.