Слот голем фаворит, еве кои тренери се номинирани за менаџер на сезоната во Премиер

Премиер лигата ги бира најдобрите. Откако беа објавени номинираните за најдобар фудбалер на сезоната, се појави и листата на конкуренти за најдобар менаџер во англиската елита.

Во потесниот клуб се најдоа петмина тренери. Фаворит број еден предводникот на новиот шампион Ливерпул, Арне Слот, а во трката се уште и Еди Хау (Њукасл), Нуно Еспирито Санто (Нотингем Форест), Витор Переира (Вулверхемптон Вондерерс) и Томас Франк (Бранфорд).

Во соопштението на Премиер лигата се вели дека навивачите можат да гласаат за најдобар играч и менаџер на сезоната до 19 мај.

Потоа овие гласови ќе се комбинираат со оние на фудбалските експерти за да се изберат победниците, кои ќе бидат објавени на крајот од сезоната во Премиер лигата.