• Горан Упале
Квалификациите за Светското првенство во Африка 2026 завршија, а Брегот на Слоновата Коска e е последнaта селекција која, заедно со Египет, Сенегал, Зелено'ртските Острови, Мароко, Алжир, Тунис, Гана и Јужна Африка, обезбедија директен пласман на Светското првенство во 2026 година.
„Слоновите“ ја победија Кенија со 3-0 со головите на Кеси, Диоманде и Дијало и го зазедоа првото место пред Габон, кој го победи Бурунди со 2-0 (Нге, Лемина) и обезбеди место во плеј-офот.
Синоќа сигурна победа извојува и Јужна Африка, која славеше над Руанда со 3-0 и со тоа го зазеде првото место во групата Ц од квалификациите.
Габон, ДР Конго, Камерун и Нигерија се изборија, како четири најдобри второпласирани селекции, за плејофот, а само најуспешните ќе добијат право да се натпреваруваат во меѓуконфедерациските плејоф натпревари за двете места што водат до Светското првенство во 2026 година.