Слога Виница ги доведе првите засилувања ова лето

Веќе три недели второлигашот Слога Виница тренира во својот град и се подготвува за новата сезона. Клубот деновиве ги официјализира и првите засилувања. Нови имиња во редовите на второлигашот Слога Виница се Сухејб Рушити и Давид Дебрешлиоски.

Тимот од Виница влегува во ВМФЛ со речиси ист тим од минатата сезона, со неколку заминувања од ростерот. Тренерот Емил Грнев ја има довербата од управата и ќе го води тимот во новиот предизвик. 

Кон првиот тим се приклучени неколку младинци кои ќе работат со сениорите и ќе се обидат да се наметнат за минутажа. Во првото коло од новата сезона во ВМФЛ, Слога Виница на 23 август гостува во Автокоманда против Скопје. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.