• Зоран Мишевски

Емил Грнев и Слога Виница градат компетитвен тим за новата сезона во Втората лига, која почнува на 23 август. Клубот од Виница договори три засилувања и потпиша со Јован Постолов, Давор Богевски и Божидар Митревски.
Постолов е 19-годишен фудбалер од Штип, кој доаѓа од Брера Струмица, а го засилува средниот ред на тимот. Богевски е 18-годишник кој настапуваше за прилепска Победа, а настапува како дефанзивен играч од средниот ред, додека пак Митревски доаѓа од Детонит Плачковица и игра на истата позиција како Болевски. 24-годишникот всушност е повратник во Слога Виница, бидејќи и во минатото беше дел од овој клуб.
Од минатата недела ови имиња во редовите на второлигашот од Виница се Сухејб Рушити и Давид Дебрешлиоски.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.
