„Слободна Далмација“ најави: Мрме може да го тренира Атанасов во Хајдук

Поранешниот македонски селектор, кој земјата ја одведе на историското Европско првенство, Игор Ангеловски е една од опциите за преземање на клупата на Хајдук во кој игра македонскиот интернационалец Јани Атанасов. 

Екипата од Сплит му врачи откас на Густафсон, па сега е во потрага по негова замена. Според најавите на хрватските медиуми, Ангеловски е реална опција за нов тренер на популарните „били“.

Локалната „Слободна Далмација“ пишува дека Мрме е идеално решение за нов тренер на Хајдук. Тие го претставија Ангеловски како млад и полетен стручњак, кој се вклопува во трендовите на младите челници на клубот. Сепак, останува да видиме дали Хајдук ќе се впушти во преговори со поранешниот селектор на Македонија и тој ќе соработува со Атанасов.

Освен него, како решение за клупата се споменува и Дамраускас, Леко, Топлак, додека сон е францускиот стручњак Луис Фернандез.