Слобода Тузла го официјализираше Лазевски

Поранешниот македонски репрезентативец Александар Лазевски, како и што беше најавено во текот на вчерашниот ден, од денес и официјално е нов фудбалер на вицепрвакот на Босна и Херцеговина, тимот на Слобода Тузла.

Левиот бек, откако пристигна во Тузла веднаш со остатокот од екипата се качи во автобус и замина на подготовки во Словенија. Лазевски кој доаѓа од српски Младост Горни Милановац е девето засилување за екипата на Слобода Тузла, која ја очекува летово настап во квалификациите за пласман во Европа Лига.

За Лазевски екипата на Слобода Тузла ќе биде седми клуб во кариерата по Партизан, Телеоптика, Рад, Младост ГМ (Србија), Хорвел (Украина) и Олимпија Љубљана (Словенија).