ВИДЕО: Слимани со глава го одлучи дербито, Монако за нијанса подобар од Монпелје

Дербито на стартот од 25. коло од Лига 1 заврши со минимален триумф на Монако во дуелот со Монпелје (1-0).

Избраниците на Роберто Морено направија доволно за да освојат цел плен. Со трите бода „кнежевите“ го прескокнаа денешниот противник на табелата и продолжија со борбата за излез во Европа.

  • Извештај од натпреварот: 

Моментот на одлука се случи на стартот од второто полувреме. Ислам Слимани покажа снаодливост и највисоко скокна по еден корнер, а потоа со глава биеше неодбранливо. За Алжирецот тоа беше деветта реализација во тековната сезона.

Домаќинот беше подобар во текот на сите 90 минути, иако на моменти можеше да дозволи да испушти бодови. Гостите се бореа до самиот крај, но не успеаја да откинат бод на ова тешко гостување.

За Монако ова е трета победа во низа, а за Монпелје осми сезонски пораз во француското првенство.