Славољуб Муслин официјално нов селектор на Србија

Како што пренесуваат српските медиуми, Славољуб Муслин и официјално е новиот селектор на фудбалската репрезентација на нашиот северен сосед. 

Веќе подолг период се шпекулираше за доаѓањето на искусниот Муслин на местото на Радован Чурчиќ, кој неодамна ја напушти клупата на „орлите“ поради нецелосна поддршка од лидерите на Фудбалскиот сојуз на Србија

Последниот ангажман на сега веќе новиот српски селектор му беше во белгиски Стандард, од каде доби отказ минатата година, а претходно беше предводник на француските клубови Брест, Бордо, Ленс, Ле Ман, потоа работеше во Левски (Бугарија), Металург (Украина), Локомотив Москва, Амкар Перн и Краснодар (Русија), Анортозис (Кипар), а забележителен период помина во Црвена Звезда, освојувајќи три домашни првенства и два Купа. Дебито на клупата Муслин ќе го има на 25 мај, кога Србија ќе одигра пријателски натпревар против Кипар.