Славниот Васко де Гама повторно ќе игра во втора лига: Коринтијанс шампион на Бразил

Фудбалерите на Васко да Гама на големо разочарување на своите фанови испаднаа од првата бразилска лига по само една година помината во неа. Славниот бразилски клуб во последниот натпревар одигра само 0-0 на гости кај Коритиба и со 41 освоен бод заврши на 18. место, кое води ранг подолу. Клубот од Рио испадна од лигата и во 2013 година, по што следеше експресно враќање веќе наредната сезона, но в година повторно ќе се натпреварува во второто по ранг бразилско натпреварување.

Покрај нив од лигата отпаднаа и екипите на Аваи, Гојас и Жоинвил. Шампионската титула ја освои екипата на Коринтијас со 81 освоен бод. За нив ова е втора титула во последните пет години, а вкупно шеста.