• Иван Димовски
Славниот шпански судија Антонио Матеу Лахос го отсвире последниот крај на натпревар во својата кариера. На пресметката меѓу Мајорка и Рајо Ваљекано, 46-годишникот последен пат делеше правда и заминува во спортска пензија.
На Балеарските Острови, Лахос доживеа многу емотивни моменти. Бидејќи е професионален судија уште од 1999 година, ужива голема популарност во Шпанија, но и во светот. Судијата беше „скршен“ во солзи и многу емотивен по крајот на натпреварот. Покрај тоа, дополнителна чест и емоции му предизвикаа фудбалерите на двата тима, меѓу кои беше и Столе Димитриевски. Сите фудбалери му направија свечен „шпалир“, а гледалиштето го проследи тоа со стоечки овации.
Лахос ќе остане запаметен како специфичен судија. Иако многумина го сметаат за контроверзен, тој секогаш професионално си ја вршеше работата. Еден од најинтересните моменти по кои ќе се памети е фактот дека за секој доделен картон, Лахос пишуваше детално објаснување на ситуациите во својот бележник.