• Саше Љолес
Поранешниот шпански фудбалер и легенда на Реал Мадрид, Фернандо Јеро (55), се ожени со Хрватката Фани Стипковиќ (41). Неговата сопруга е позната ТВ-водителка и новинарка, а нивната церемонија се одржала во тајност.
На свадбата присуствувале само 12 гости и нема никакви фотографии свеченоста, дури и на личните профили на социјалните мрежи. Деталите за венчавката ги изнесе хрватското списание „Глорија“; за кое изјава даде и самата Стипковиќ.
„Венчавката се одржа на 13 септември во Гвадалахара, Мексико. Церемонијата ја организиравме во преубавиот хотел „Каса Педро Лоза“ и имавме само 12 гости. Глетката беше како од некој филм, стоевме на покривот кој имаше прекрасна панорама на старите градски градби.
Неодамна се преселивме во Мексико од Шпанија. Јас сум бремена, а Фернандо имаше само една слободна недела и затоа решивме сега да ставиме круна на нашата љубов. Сакавме да се венчаме во моментот кога ќе очекуваме дете и драго ми е што одиме според планот. Буквално сѐ испадна како што сакав и мечтаев“, изјави новата сопруга на славниот шпански фудбалер.
Фернандо Јеро одигра вкупно 402 натпревари за Реал Мадрид. Беше непробоен „столб“ во одбраната на „кралевите“ и за најтрофејниот европски клуб настапуваше четиринаесет години. Важи за еден од најефикасните дефанзивци во историјата, со вкупно 132 постигнати голови.