Славниот португалски стопер става крај на кариерата во 42. година од животот

Португалскиот репрезентативец и еден од најдобрите дефанзивци од оваа земја, Пепе, официјално соопшти дека става крај на својата исклучително богата кариера. 

Стоперот на Порто e во 42. година од животот, но неодамна настапи и на Европското првенство, кое за него е последно големо натпреварување во кариерата. Одлуката ја донел самиот фудбалер, но потенцира дека заминува во пензија само поради возраста, а не поради замор или здравствени проблеми. 

Последните пет години ги одигра во Порто, а претходно настапуваше за Реал Мадрид, Маритимо и Бешикташ. Во „кралскиот“ дрес освои три титули во Примера, како и уште три трофеи во Лигата на шампионите, а во Мадрид мина цели девет сезони. 

Своевремено важеше за еден од најдобрите стопери на светот, но понекогаш знаеше и да ја разочара јавноста со своето недолично и агресивно однесување. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.