• Саше Љолес
Славниот германски репрезентативец, Лукас Подолски, сѐ уште е активен фудбалер и настапува во полската лига, но минатата година реши да „се проба“ и во друго поле кое потполно не е поврзано со фудбалот, но очигледно е дека му носи огромен профит.
Германскиот напаѓач се обиде да работи во музичкиот биснис како менаџер и промотер, но неодамна реши да отвори цел ланец на донер ќебап-ресторани ширум Германија и засега одлично му оди. Првиот ресторан се појави уште во 2014 година во Истанбул, но овој пат се решил на многу посериозен чекор и заедно со уште двајца пријатели инвестирале во овој профитабилен бизнис.
Шпанската „Марка“ објави статија во која се вели дека сите триесет ресторани на Подолски на годишно ниво имаат промет од огромни 207 милиони евра, а чистата заработка за фудбалерот изнесува некаде околу 65 милиони евра. Ова се навистина огромни суми, но очигледно дека Подолски го пронашол вистинскиот рецепт и неговите ресторани се многу посетени, скоро на сите локации низ Германија.
38-годишниот напаѓач сѐ уште игра за тимот на Горник Забрзе, но наскоро ќе замине во спортска пензија и веројатно комплетно ќе се посвети на новиот бизнис, кој очигледно вреди да добие многу повеќе внимание. Лукас Подолски е вистинска легенда на германската репрезентација и за „панцерите“ постигна 49 голови, а воедно триумфираше и на Светското првенство во 2014 година.