Славниот Патрик Клајверт ќе ја води Индонезија низ мундијалските квалификации

Легендарниот Холанѓанец Патрик Клајверт официјално ја презема репрезентацијата на Индонезија и ќе биде селектор на оваа азиска земја во обидот да избори пласман на следното Светско првенство. 

Поранешниот напаѓач на Ајакс, Милан и Барселона заплови во тренерските води пред осум години, а оваа позиција за него ќе биде најголем предизвик досега. Во минатото беше тренер на Адана Демириспор и ја водеше селекцијата на Курасао. 

Договорот со индонезиската федерација е со важност од две години, со опција за продолжување на соработката до 2029 година. 

Официјалната промоција ќе се случи на 12 јануари, по што Клајверт ќе започне со подготовките за мундијалските квалификации, каде Индонезија ќе води борба за второто место со селекциите на Саудиска Арабија, Кина, Бахреин и Австралија. Убедлив лидер во оваа конкуренција е Јапонија.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.