Славниот Левски во Дориан Бабунски гледа идеално решение за својот напад

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дориан Бабунски, позитивно ја започна својата авантура во Бугарија, каде бележи одлични партии во дресот на Ботев Враца. 

По само неколку одиграни кола во шампионатот, 25-годишниот напаѓач се наметна во лидер на својот тим, а неговите одлични настапи беа забележани и од страна на еден од најдобрите тимови во Бугарија, Левски. Тамошните медиуми информираат дека токму славниот бугарски клуб е подготвен да испрати понуда за нашиот голгетер и уште во зимскиот трансфер период да го договори неговиот потпис. 

Главна цел на „граѓаните“ од Софија во јануари ќе биде доведување на класичен напаѓач, а според тренерот Станимир Стоилов, најдобро решение за нивниот напад е токму македонскиот фудбалер.

Бабунски своите фудбалски почетоци ги имаше во школата на Реал Мадрид, но дебитираше во Феуналбарда, а потоа играше за Олимпија Љубљана, Радомле, како и јапонските Мачида Зелвија и Кагошима Јунајтед.