• Саше Љолес
Легендарниот уругвајски напаѓач, Единсон Кавани, ја заврши соработката со Бока Јуниорс и официјално станува слободен агент на 39-годишна возраст.
„Матадорот“ имаше договор со Бока до крајот на декември, но реши да замине од славниот клуб и да побара нова средина во богатата кариера. Во Бока мина три години и постигна 28 голови на вкупно 82 одиграни натпревари.
Годинава имаше проблеми со повредите и запиша само два настапи, што беше јасен показател дека неговата етапа во Аргентина полека завршува.
За неговите услуги има интерес од МЛС лигата во САД, како и од два клуба од Саудиска Арабија. Кавани настапуваше за Данубио, Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Валенсија.



