• Саше Љолес
Славниот аргентински фудбалер, Хернан Креспо, официјално се врати во Сао Паоло и повторно ќе го предводи легендарниот бразилски клуб.
Креспо еднаш веќе ја освои титулата во шампионатот Паулиста и тогаш донесе трофеј за клубот после долг пост, а во меѓувреме работеше во Саудиска Арабија, каде го предводеше тимот на Ал-Аин.
„Здраво, моја екипо. Повторно се враќам и очекувам да бидеме успешни. Се гордеам што сум дел од ова семејство. Знам дека ќе имаме голема поддршка и секогаш ќе гледаме среќни лица на полните трибини“, напиша старо-новиот тренер.
Аргентинецот минатата година оствари голем успех и го одведе Ал-Аин до титулата во азиската Лига на шампиони, а сега на клупата на Сао Паоло ќе го замени Луис Зубиелдија, кој доби отказ поради лошите резултати.







