Славниот дефанзивец на Јунајтед на клупата на холандски шестолигаш

Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Јап Стам, ја заврши својата етапа во американскиот Синсинати, каде имаше прилично големи успеси. 

Поранешниот холандски репрезентативец се враќа во својата земја и ќе одмора до почетокот на летото, по што ќе го преземе шестолигашот Кампен, клубот каде ги направи своите први фудбалски чекори. 

„Имав голема желба да работам во мојата земја. Иако се работи за шестолигаш, Кампен е мој матичен клуб и јас со гордост ќе ја преземам тренерската позиција. Имав убава етапа во Соединетите Американски Држави, но Холандија за мене е секогаш прв избор“, изјави славниот стопер. 

Во текот на играчката кариера, Јап Стам настапуваше за Цволе, Камбур, Вилем Втори, Манчестер Јунајтед, ПСВ Ајндховен, Лацио и Милан. Како тренер најпрво почна да работи во младинскиот погон на Ајакс, а потоа ги предводеше Ридинг, Цволе, Феенорд и Синсинати.