Славниот Арда Туран е нов тренер на украинскиот гигант Шахтјор

Поранешниот турски репрезентативец и голема ѕвезда во својата земја, Арда Туран, официјално е нов тренер на украинскиот гигант, Шахтјор од Доњецк. 

Доведувањето на Туран беше дело на спортскиот директор Дарио Срна, со кого заедно се фотографираа на официјалната промоција и најавија успешни резултати на клубот. 

Туран има 38 години, a претходно две сезони работеше како тренер на клубот Ејупспор. Во успешната играчка кариера го носеше дресот на Галатасарај, Маниаспор, Атлетико Мадрид, Барселона и Истанбул Башакшехир.