Славниот англиски голман по крајот на сезоната оди во пензија

Прославениот англиски голман и поранешен репрезентативец Џо Харт по крајот на сезоната заминува во фудбалска пензија. 

Оваа информација ја потврди Селтик преку својот официјален веб-сајт. Шкотланѓаните му се заблагодарија на 36-годишникот, а свое излагање имаше и предводникот на тимот Брендан Роџерс. 

„Џо имаше феноменална кариера и знам дека многу ќе ни недостига кога ќе се повлече ова лето. За се што направи во фудбалеот, Харт заслужува големи пофалби и честитки. Тој беше брилијантна предност за Селтик, секако и пошироко на врвни нивоа, на домашна и меѓународна сцена“, кажа Роџерс.

Најславните денови Џо Харт ги имаше бранејќи го голот на Манчестер Сити. Ветеранот со клубот од „Итихад“ успеа да дојде до две титули во Премиер лигата, еден во ФА Купот и два во Лига купот. Потоа освојуваше трофеи и со Селтик, двапати беше првак на Шкотска и освои три купа. 

Освен за Сити и Селтик, Харт бранеше и за екипите на Барнли, Тотенхем, Торино и Вест Хем, а беше и англиски репрезентативец од 2008 до 2017 година со 75 натпревари меѓу стативите.