• Саше Љолес
Поранешниот ас на Барселона, Андрес Иниеста, официјално стана сопственик на данскиот второлигаш, Хелсингор, јавува агенцијата „Бета“.
Шпанецот го преземал мнозинскиот пакет акции преку неговата компанија и фондација „Никогаш не вели никогаш“, станувајќи најголем сопственик на клубот кој има амбиции да се пласира во елитниот ранг на данскиот фудбал.
„Започнавме со работа во Хелсингор, ова е клуб кој има одлична инфраструктура и големи амбиции. Тука има многу добри луѓе кои мислат само на развој, а не на пари и на профит. Се надевам дека ќе станеме важна алка од данскиот фудбал“, изјави Иниеста.
40-годишниот Иниеста неодамна ја заврши својата богата фудбалска кариера. Најголем печат остави во дресот на Барселона, каде важеше за еден од најдобрите светски играчи, а со неговиот гол во финалето на Светското првенство, Шпанија стана планетарен владетел во 2010 година.