ВИДЕО: Славје на „Тумба“, ПАОК е првак на Грција по 34 години!

По 34 години главно доминација на атинските клубови, ПАОК од Солун е шампион на Грција. На многу убедлив начин клубот во сопственост на Иван Савидис, а од клупата воден од Разван Луческу, ја освои Суперлигата на Грција.

  • Извештај од натпреварот: 

Попладнево на „Тумба“ во Солун, ПАОК го декласира Левадијакос со 5-0 (2-0) и на едно коло до крајот на шампионатот не може да биде стигнат од Олимпијакос, кој е најблизок пратител. „Црно-белите“ го декласираа Левадијакос и со два гола во првите десетина минути најавија дека славјето никој нема да им го расипе. 

Шахов и Бисесвар од пенал погодија за двојно водство, а во вториот дел со головите на Варела, Свидерски и уште еднаш Евгени Шахов, победата стана супер-убедлива. Предводени од најдобриот стрелец Пријовиќ, феноменалниот учинок на домашен терен и падот на атинските клубови, ПАОК следната сезона ќе игра во квалификациите на Лигата на шампионите. 

Олимпијакос е сигурно вицешампион и ќе игра исто така во квалификациите од Лигата на шампионите, а Лига Европа е за ланскиот првак АЕК Атина и Атромитос.