ВИДЕО: Славје какво што Шведска не памети - Навивачите на Малме ЛУДО ја прославија титулата!

Екипата на Малме официјално стана шампион на Шведска, а навивачите на тимот лудо ја прославија титулата, иако последниот меч го играа на гостински терен.

На две кола пред крајот тимот на Малме е крунисан за нов првак, откако кај Фалкенбергс славеше со 3-0. Навивачите мирно чекаа крај аут-линијата, а кога го слушнаа последниот судиски свиреж влетаа на терен и на нивната радост и немаше крај.