Славија Софија го задржува Дарко Тасевски

Македонскиот фудбалер Дарко Тасевски како што изгледа ќе остане во бугарскиот прволигаш Славија Софија и наредната сезона.

Некогашниот репрезентативец кој има големо фудбалско искуство пристигна во тимот оваа пролет и се покажа како големо засилување за Славија. Поради тоа, раководството веќе работи на случајот да го задржи Тасевски и в година, затоа што тој е важен дел од костурот на тимот.

Славија Софија разигрува за место во квалификациите за Лига Европа, а има предност во првото полуфинале со Етар (1-0).

Тасевски пред да пристигне во Славија Софија играше на Тајланд. за Кон Каен, Суфанбури и Бангкок Глас, а претходно беше дел од израелска Шмона, бугарски Левски, украински Металург Запорожје, како и македонските тимови Вардар и Цементарница 55.

За репрезентацијата на Македонија, Тасевски има одиграно 43 меча.