Славија Софија е клубот од Бугарија кој го посакува Велинов

Бугарскиот прволигаш Славија Софија по кратка пауза би сакала во своите редови повторно да види Македонец, а желбата е Стојанче Велинов од Брегалница.

Сепак за реализација на овој трансфер не се прашува само Велинов и Славија, туку и клубот од Штип, со кој брзоногиот фудбалер има активен договор до крајот на годината. Сепак последните информации говорат дека поранешниот фудбалер на Силекс, Тетекс и Осогово за првпат во својата кариера ќе заигра во странство, селејќи се во главниот град на Бугарија.

Кога сме кај Славија Софија вреди да се издвои дека во минатото за клубот настапувале низа фудбалери како Душан Савиќ, Кире Ристевски, Славчо Георгиевски.