Славија Софија чека на Ашковски, тој разгледува понуди

Македонскиот фудбалер Стефан Ашковски би можел кариерата да ја продолжи во Бугарија, од каде има сериозен интерес за него од Славија Софија.

Ашковски, кој има 26 години, минатата сезона ја мина во редовите на Фортуна Ситард од Холандија. Иако имаше одличен настап, двете страни не го продолжија договорот и тој ќе бара нов клуб.

Славија Софија е најзагреаната страна за неговиот потпис, но истовремено има и уште неколку други клубови. Од Бугарија велат дека веќе доставиле конкретна понуда до Ашковски, а ќе се чека на неговиот одговор во наредните неколку дена.

Истовремено, во Славија Софија треба да пристигне уште едно засилување како слободен агент, кое доаѓа од Ерменија.

Ашковски, кој настапува на левата бековска позиција, но знае добро да се снаоѓа и на крилната, потекнува од Металург, а во кариерата настапуваше уште за Партизан, Доњи Срем, Напредак, Стромгосед, Шкендија, Нови Пазар, Кајзериспор, Фортуна Ситард и Горник.