Славија Прага побара извинување од Лукаку

Лукаку

Управата на Славија Прага ги одби сите обвинувања на Ромелу Лукаку, дека тој бил жртва на расизам за време на дуелот во рамки од Лигата на шампионите.

Интер ја освои „Еден Арена“ со 1-3, а белгискиот напаѓач се пожали на наводните расистички навреди кои стигнаа до него од трибините. 

„Се надевам дека УЕФА ќе стори нешто затоа што целиот стадион се однесуваше вака по првиот гол на Лаутаро и тоа не е добро за луѓето што ја следат играта“, изјави корпулентниот голгетер на „неразурите“.

Денес од чешкиот клуб пристигна соопштение во кое имаше коментар токму на овој меч. Во истото има извинување поради однесувањето на неколку индивидуалци, но и барање до Лукаку да се извини поради своите зборови, со кои ја обвини цела публика на стадионот.

Белгиецот го постигна вториот погодок во победата, а беше дел од сличен инцидент во Серија А. Тогаш навивачите на Каљари го навредуваа на натпреварот во септември.