Славија го позајми Кристијан Трапановски во словачки Татран

Репрезентативецот на Македонија за фудбалери до 19 години, Кристијан Трапановски е нов член на словачкиот прволигаш Татран Прешов. Напаѓачот минатото лето потпиша за чешкиот гигант Славија Прага, но во потрага по поголема минутажа замина во Татран, како би играл во континуитет.

Татран се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во словачкиот шампионат и нема да му биде лесно да обезбеди опстанок. Брзоногиот битолчанец беше дел од школата Талент и екипата на Академија Пандев,, пред да се пресели во Славија Прага.

Трапановски е еден од клучните фудбалери во македонската репрезентација за фудбалери до 19 години.