Славен европски тим се соочува со најголема финансиска загуба во историјата

Славниот холандски клуб, Ајакс, ги бележи најголемите финансиски загуби во 125-годишната историја. Иако „копјаниците“ полека се враќаат во нормала, сепак, нивниот биланс вели дека се во „минус“ од 40 до 45 милиони евра. 

Оваа сума клубот ќе може да ја надомести со продажба на играчи во текот на летото, но и трансфер-политиката во последно време не му оди баш во прилог. Ајакс продаваше за вкупна сума од 5,6 милиони евра, па затоа ќе мора да го зголеми овој износ, за во најдобар случај да ја заврши годината со загуба од десетина милиони. 

Ако не успее во оваа намера, Ајакс сигурно на крајот од финасиската година ќе го објави најголемиот долг во историјата, што секако не е добар знак за гигантот кој во своите витрини има четири европски титули.