• Горан Упале
Фудбалерите на Динамо Загреб возвратија соодветно на победата на Ријека и пред својата публика убедливо го совладаа Славен Белупо. Со вечерашните три бода шампионот се врати на само еден бод негатива во однос на лидерот на две кола до крајот од шампионатот.
Во трката за титулата може да остане и Хајдик, кој утре мора да слави над Горица, но тимот од Сплит само чудо може да го искачи на врвот на хрватскиот фудбал.
На „Максимир“ резултатот го отвори Стојковиќ со погодок во 18. минута, а до крајот на полувремето истиот фудбалер и Кулановиќ донесоа огромни 3-0 за домаќинот. Во вториот дел Сучиќ стрелаше за 4-0, а конечните 5-0 ги постави Рог.
- Извештај од натпреварот:
За Славен Белупо вечерва не настапи Илија Несторовски, кој целиот натпревар го преседе на клупата за резерви.