• Горан Упале

Килијан Мбапе долго време чекаше простор на дербито со Атлетико, а кога го доби тој, со слалом измеша двајца противнички дефанзивци, од кои Ленгле од немоќ мораше да го фаулира и Марчињак покажа на белата точка.
Одговорноста ја презеде Винициус Јуниор, но бразилскиот ас го изведе можеби најлошиот пенал во кариерата, затоа што топката го префрли голот на Облак.
На тој начин Вини не успеа да ја врати предноста на Реал во двомечот со Атлетико Мадрид, а по промашениот пенал следуваше луда реакција на навивачите од трибините.