ВИДЕО: Скромниот гест на Халанд кој ги освои срцата на фановите

Халанд

Ерлинг Халанд стои убедливо на врвот меѓу најдобрите стрелци во Премиер лигата. Со помош на неговата реализација Манчестер Сити славеше на последниот натпревар против Вулверхемптон.

Норвешкиот напаѓач ова лето пристигна во Англија и ги одушеви тамошните фанови и медиуми. Неговата форма на теренот му донесе голема популарност, а дополнителни фанови сигурно доби со последниот гест на „Молинеу“. Додека поголемиот дел од неговите соиграчи ја фрлаа својата опрема, тој пријде до човекот задолжен за собирање и му ја предаде директно во раце.

Халанд покажа скромност која ретко се гледа кај најголемите фудбалски ѕвезди. Ваквиот потег му донесе позитивни коментари на социјалните мрежи, а видеото стана популарно преку ноќ.

Состави

Steve Davis

4-3-3

    Пеп Гвардиола

    4-3-3