Скратен кругот за ЛШ, Шкендија може во Шведска, Литванија, Летонија...

Македонските претставници во европските натпреварувања ќе ги добијат првите ривали во текот на денот. 

Шкендија ќе игра во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите. Македонскиот првак се најде во групата 1 во која е неносител. 

  • Потенцијални ривали на Шкендија:

Група 1
Носители: Малме (Шведска), Жалгирис (Литванија), РФС Рига (Летонија), КуПС (Финска), Њу Сеинтс (Велс)

Неносители: Шкендија (Македонија), Левадиа (Естонија), Хамрун Спартанс (Малта), Милсами Орхеи (Молдавија), Ибериа Тбилиси (Грузија)

Извлекувањето е закажано во 14:00 часот, првите натпревари се на 8 и 9 јули, додека реваншните се на 15 и 16 јули.