• Иван Димовски
Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги групира клубовите и паровите во пресрет на ждрепките за плеј-офот во трите клупски натпреварувања. Својот потенцијален за баражот денес ќе го дознае и Шкендија која ја очекува двомеч со Карабах во третото коло на Лигата на шампионите.
Веќе беше познато дека доколку мине понатаму Шкендија може да налета Селтик, Бодо/Глимт, победникот од Копенхаген и Малме, победникот од Црвена Звезда или Лех Познањ и победникот од двомечот на Лудогорец и Ференцварош.
Од друга страна, УЕФА ги групира и клубовите за плеј-офот во Лигата на Европа. Шкендија при елиминација од Карабах ќе биде неносител во ова натпреварување и веќе ги знае потенцијалните противници.
- Потенцијални противници на Шкендија во плеј-офот на ЛЕ:
Јанг Бојс
победник од Хамрун Спартанс - Макаби Тел Авив
поразен од Лудогорец - Ференцварош
поразен од Малме - Копенхаген
Извлекувањето за плеј-офот во Лигата на шампионите е во 12:00 часот, додека за Лигата на Европа во 13:00.






