• Саше Љолес
Во најубавиот град на американскиот источен брег, Мајами, беше одржана ждрепката за Светското клупско првенство кое во 2025 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави.
Претседателот на ФИФА; Џани Инфантино, рече дека овој формат на клупскиот мундијал ќе донесе огромна возбуда за навивачите, а потоа легендарниот Алесандро Дел Пјеро ја водеше ждрепката која ги извлече сите клубови распределени во осум групи од по четири екипи.
Сите осум групи за Светското клупско првенство:
Група А: Палмеирас, Порто, Ал-Ахли Каиро, Интер Мајами
Група Б: ПСЖ, Атлетико Мадрид, Ботафого, Сиетл Саундерс
Група Ц: Баерн Минхен, Бенфика, Бока Јуниорс, Оукланд Сити
Група Д: Фламенго, Челзи, Леон, Есперанца
Група Е: Ривер Плата, Интер, Монтереј, Урава Ред Дајмондс
Група Ф: Флуминенсе, Борусија Дортмунд, Улсан Хјундаи, Мамелоди Сандаунс
Група Г: Манчестер Сити, Јувентус, Видад АЦ, Ал-Аин
Група Х: Реал Мадрид, Салцбург, Ал-Хилал, Пачука
Ждрепката беше полудиригирана, односно тимови од иста држава или од иста конфедерација не смееја да бидат извлечени во иста група, а исто така однапред се знаеше дека Интер Мајами и Сиетл Саундерс ќе бидат сместени во групите А и Б.
Светското клупско првенство ќе започне на 15 јуни следната година, а големото финале е закажано за 13 јули и ќе се одигра на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси.