Скот Паркер изненадувачки назначен за тренер на белгискиот шампион

Поранешниот англиски репрезентативец Скот Паркер е назначен за нов тренер на Клуб Бриж, три дена откако Карл Хофкенс ненадејно беше разрешен.

Паркер ја започна својата тренерска кариера во младинските категории на Тотенхем, пред да се приклучи на стручниот штаб на Фулам во јули 2018 година, а потоа и да го наследи Клаудио Раниери во февруари 2019 година. По Фулам, Скот го предводеше Борнмаут, клуб со кој успеа да избори промоција во Премиер лигата.

Клуб Бриж приреди изненадување во Лигата на шампионите оваа есен, откако заврши на второто место во својата група пред Баер Леверкузен и Атлетико Мадрид.

Белгискиот шампион во февруари ќе игра против Бенфика во осминафиналето од Лигата на шампионите. Во белгиската лига Клуб Бриж моментално е на четвртото место со 12 бода помалку од лидерот Генк.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.