Скопското дерби во фокусот: Шкупи никогаш не победил кај Вардар

Македонскиот вицепрвак Вардар и екипата на Шкупи ќе го играат скопското дерби во рамки на 23. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а традицијата е комплетно на страната на „црвено-црните“ и ако се суди според неа, тимот на Васоски ќе остане непоразен.

Вардар во дуелот со Шкупи влегува со реми кај струмичка Беласица, додека чаирчани се осоколени, со три победи во низа, на три кола. Традицијата вели дека Шкупи како гостин никогаш не го победил Вардар, без разлика каде да се играл мечот.

Последни меѓусебни натпревари (ПМФЛ):
10.11.2018 - Шкупи - Вардар 1-0
16.09.2018 - Вардар - Шкупи 2-1
20.05.2018 - Шкупи - Вардар 4-1
15.04.2018 - Вардар - Шкупи 1-1
03.12.2017 - Шкупи - Вардар 2-0

Дали Вардар има сила да ја прекине одличната форма на Шкупи под водство на Умит Каран, шанса ќе имаме да видиме в сабота од 14:30 часот. Вардар влегува во скопското дерби од третата позиција, додека Шкупи е место подолу.

Борбата за Европа ќе биде голема до крајот на сезоната, затоа што ако се издвои лидерот Шкендија, четири екипи се доста близу според бодовното салдо.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 35 24 7 4 78:26 52 79
2 ВардарВардар 35 17 12 6 44:22 22 63
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 35 17 6 12 44:34 10 57
4 РаботничкиРаботнички 2 35 13 7 15 42:47 -5 46
5 ШкупиШкупи 1 35 12 9 14 38:41 -3 45
6 РеноваРенова 1 35 11 11 13 50:47 3 44
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 35 11 11 13 42:49 -7 44
8 СилексСилекс 35 10 11 14 25:38 -13 41
9 БеласицаБеласица 35 9 11 15 36:47 -11 38
10 ПобедаПобеда 35 6 5 24 25:73 -48 23