Скопското дерби во Маџари за Гоцевски, Ставрев ќе суди во Ѓорче

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите за натпреварите од 5. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) кое ќе се игра в недела.

Дербито во Скопје меѓу Вардар и Шкупи е закажано на „Филип Втори“, а правдата ќе ја дели Марјан Гоцевски од Струмица. Победа во Битола ќе ја пречека Ренова и главен судија ќе биде Игор Стојчевски, додека Александар Ставрев ќе биде на центарот во Ѓорче Петров, каде Македонија ЃП игра со Беласица.

Шкендија и Работнички ќе се судрат во Тетово, а главен судија ќе биде Дејан Јакимовски. Во последниот натпревар од колото на Академија Пандев и Силекс за арбитар е назначен Марјан Ецкоски.

Сите дуели се играат в недела од 15:30 часот.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 5 4 0 1 8:2 6 12
2 ШкендијаШкендија 1 5 3 2 0 14:6 8 11
3 ВардарВардар 1 5 3 2 0 7:4 3 11
4 РаботничкиРаботнички 3 5 3 0 2 10:11 -1 9
5 ПобедаПобеда 1 5 2 2 1 2:2 0 8
6 СилексСилекс 1 5 1 2 2 3:6 -3 5
7 РеноваРенова 5 1 1 3 5:7 -2 4
8 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 5 0 3 2 2:4 -2 3
9 ШкупиШкупи 1 5 0 2 3 3:6 -3 2
10 БеласицаБеласица 5 0 2 3 2:8 -6 2