Скопското дерби меѓу Вардар и Шкупи без гостински навивачи

Македонскиот фудбалски вицешампион Вардар и вториот домашен овосезонски натпревар од ПМФЛ нема да го игра на „Филип Втори“ и со Шкупи ќе се соочи на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари.

Оваа вест не беше добредојдена за најверните фанови на чаирчани, „Шверцери“, кои повторно не добија „зелено светло“ да го бодрат својот клуб. Поради безбедност, нема да биде дозволено присуство на гостински навивачи на натпреварот, а секое лице при влезот ќе биде евидентирано, согласно законот за спречување на насилство во спортот.

Дуелот во Маџари е закажан за в недела со почеток од 15:30 часот, а за главен судија е делегиран Марјан Гоцевски од Струмица. Негови помошници ќе бидат Карајанов од Гевгелија и Станковски од Струмица.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 5 4 0 1 8:2 6 12
2 ШкендијаШкендија 1 5 3 2 0 14:6 8 11
3 ВардарВардар 1 5 3 2 0 7:4 3 11
4 РаботничкиРаботнички 3 5 3 0 2 10:11 -1 9
5 ПобедаПобеда 1 5 2 2 1 2:2 0 8
6 СилексСилекс 1 5 1 2 2 3:6 -3 5
7 РеноваРенова 5 1 1 3 5:7 -2 4
8 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 5 0 3 2 2:4 -2 3
9 ШкупиШкупи 1 5 0 2 3 3:6 -3 2
10 БеласицаБеласица 5 0 2 3 2:8 -6 2