Скопското дерби Вардар – Работнички ќе се игра под рефлектори!?

Екипите на Вардар и Работнички се подготвуваат за своето ново соседско дерби, а истото можно е да се игра под рефлектори, на Арената „Тоше Проески“.

Топлото време е голем проблем за клубовите во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во воведните неколку кола од шампионатот. Вардар не ја отвори сезоната според планот, додека Работнички има половичен учинок - една победа и еден пораз.

Скопското дерби сигурно ќе биде најатрактивниот дуел во претстојното трето коло, а истиот би можел да се игра под рефлектори. Вардар е домаќин на дуелот, сака да игра во вечерен термин, но нема се да зависи од клубот, затоа што од овој дуел ќе има и ТВ-пренос.

Дуелот меѓу Вардар и Работнички ќе се игра ден порано од предвиденото, в сабота.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15