Скопското дерби и дуелот во Струга поместени за в сабота

Во соработката во телевискиот партнер, Фудбалската федерација на Македонија ги одреди термините за одигрување на натпреварите од третото пролетно коло од ПМФЛ. Така, 21. коло од шампионатот на Македонија е распределено во два дена - два натпревари ќе се играат во сабота, а три во недела. 

Скопското дерби меѓу Вардар и Работнички е предвидено за в сабота во 14:00 часот на „Тодор Проески“ во Скопје. Во истиот термин ден пред другите ќе играат и Струга Трим Љум и Силекс, кои пак се принудени за поместување и заради натпревар од ВМФЛ-Запад. Имено дербито на соседите од првото пролетно коло во Втората лига - Запад, меѓу Лабуништа и Охрид е закажано на стадионот во Струга в недела во 14:00 часот.

Натпреварите Шкупи – Ренова, Академија Пандев – Борец и Шкендија – Македонија ЃП се закажани за в недела од 14:00 часот.