• Горан Упале

Амбициозниот второлигаш Скопје претстави две нови засилувања за вториот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига.
По Кристијан Наумовски, во Скопје зимава се преселија уште Симеон Христов и Бесмир Даци. Поточно, Христов и Даци се враќаат на добро позната средина.
Искусниот напаѓач есенскиот дел од сезоната го мина во редовите на Македонија ЃП, каде забележа шест гола на дванаесет натпревари, додека Даци во Скопје доаѓа по шестмесечната авантура во косовскиот фудбал.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




